Локални избори 2025

Намален интерес за гласање во општина Могила, во однос на претходниот круг

02.11.2025 14:17

4.667 жители на општина Могила, денес го остваруваат своето право на глас, за избор на градоначалник во вториот круг од осмите локални избори. Гласачките места се отворени навреме, гласањето се одвива без проблеми. До ОИК Могила поднесен е и еден приговор од лице кое го немало на избирачкиот список, истиот е прифатен и лицето ќе биде запишано на дополнителниот избирачки список...

Намален интерес за гласање во првата третина од изборниот ден од вториот круг на локалните избори во општина Могила. Сите 23 гласачки места се отворени точно во 7 часот. Гласањето се одвива непречено и без проблеми. Од Општинската изборна комисија информираат дека до нив е поднесен само еден приговор, од лице кое го немало на избирачки список. Истиот е прифатен, и лицето ќе биде запишано во дополнителниот избирачки список.

Жителите кои излегоа на гласање со очекувања од идниот градоначалник. Приоритет се инфраструктурните проекти, повеќе спортски и детски игралишта, клубови за повозрасните и нови вработувања.

Потребата за гласање во домашни услови, на болни и немоќни лица, во вториот круг е поголем во однос на претходниот. Во текот на вчерашниот ден од 41 пријавен, своето право на глас го остварија 37 лица. Додека, пак, вкупниот број на лица со право на глас изнесува 4.667, и истите денес ќе имаат можност да изберат градоначалник.

Во општина Могила избирачкиот список овие локални избори е пократок за дури 718 гласачи во однос на последните локални избори во 2021-ва година.

Александра Максимовска