Локални избори 2025

Гласањето во Општина Аеродром се одвива без проблеми

02.11.2025 15:23

Во Скопје се избира градоначалник во четири општини-во Аеродром, во Центар, во Карпош и во Шуто Оризари …

Гласањето на вториот круг од локалните избори почнува во 7 часот и трае непрекинато до 19.00 часот. Елизабета Кузмановска ги посети избирачките места во Општина Аеродром, каде граѓаните треба да изберат кој ќе раководи со општината и со Градот Скопје.