Мирен изборен ден во Тиквешијата со излезност како во првиот круг
Вториот изборен круг во Тиквешијата, Неготино, Демир Капија и Росоман минува во мирна и демократска атмосфера. Досега нема реакции за текот на изборниот процес. Во овие три општини излезноста на гласачите до 15 ч. приближно иста како и пред две седмици, во првиот круг. Во Лозово – Овче Поле висока излезност во 15 часот, далеку повисока од првиот круг …

Вториот круг од локалните избори, за градоначалник во Тиквешијата минува мирно, без реакции за нарушување на изборниот процес. Граѓаните на Неготино, Демир Капија и Росоман со излезност приближна како во првиот круг. Во Росоман до 15 ч. Излезноста беше 48% а пред две седмици 46%. Во Неготино денес до 15 часот излегле 35% исто како и пред две седмици. Во Демир Капија оваа недела гласале 47‘ приближно како и во првиот круг. Изборите се во демократска и фер атмосфера.
Граѓаните со надеж дека поголем дел од најавите на кандидатите ќе бидат реализирани. Очекуваат решавање на комуналните проблеми но и решавање на невработеноста и запирање на иселување на младите.
Денес во вториот круг се гласаше и во Лозово, во Овчеполието. Таму до 15 ч. имаше висок одзив дури 64 отсто, што е далеку повеќе од пред две седмици кога имало 47 проценти.
Петар Печков
