До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто
На државно ниво, највисока излезеност до 15 часот има во Крушево (50,22%), Пробиштип (49,04%), Росоман (48,13%), Демир Капија (46,97%) и Лозово (46,95%), додека најниска во Куманово (22,10%) и Дебар (26,72%).

До 15 часот излезеноста на локалните избори во земјава изнесува 30,26 проценти, а во Град Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Портпаролката на Комисијата, Радица Тодоровска-Алексовска, информира дека на ниво на држава гласале 208.571 лице, според податоците од 93,59 проценти од избирачките места. Во Скопје, пак, гласале 104.182 граѓани, а податоците се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 проценти.
Најголема излезеност во главниот град е забележана во општините Карпош (32,40%), Центар (31,65%) и Кисела Вода (27,45%), а најмала во Сарај (6%) и Чаир (8,83%).
На државно ниво, највисока излезеност до 15 часот има во Крушево (50,22%), Пробиштип (49,04%), Росоман (48,13%), Демир Капија (46,97%) и Лозово (46,95%), додека најниска во Куманово (22,10%) и Дебар (26,72%).
Споредено со првиот изборен круг, кога во истиот термин излезеноста за Скопје била 31,16 проценти, одѕивот е нешто понизок.
ДИК информира дека гласањето се одвива непречено и без инциденти. Сите приговори поврзани со остварување на избирачкото право се решаваат навремено, а граѓаните непречено гласаат.
Тодоровска-Алексовска апелираше до избирачките одбори да им овозможат на медиумите непречен пристап и следење на изборниот процес.
