Локални избори 2025
ДИК: Одѕивот на ниво на држава до 15 часот е 30,26 насто
02.11.2025 17:24
Граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 гласачи. Излезноста е речиси на ниво како и во првиот круг...

Остануваат уште помалку од 2 часа до затворање на избирачките места во вториот круг локални избори. Граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 гласачи. Излезноста е речиси на ниво како и во првиот круг. До Државната изборна комисија се пристигнати приговори, но не се прифатени. Одземени се 8 акредитации на набљудувачи.
За изборниот ден, во Дневникот известува Марина Стојанова-Тонева.
