ДИК: 34,62 проценти излезност до 17 часот
Според обработените податоци достапни на веб-страната на ДИК, до 17 часот излезеноста е 34,62 проценти. На ниво на државата гласале 350.261 лице...

Вториот круг од гласањето на локалните избори во Македонија се одвива без проблеми, во мирна атмосфера. Се гласа во вкупно 32 општини и во Градот Скопје.
Според обработените податоци достапни на веб-страната на ДИК, до 17 часот излезеноста е 34,62 проценти. На ниво на државата гласале 350.261 лице, или 99,85 проценти на избирачки места од коишто се пристигнати податоци.
Најголема излезност има во Конче-64,44 проценти, додека најмала е излезноста во Сарај-8,77 проценти.
До 17 часот излезноста на гласачи на локалните избори за Град Скопје изнесува 28,52 проценти. Процентот на избирачки места од каде пристигнале податоците е 99,56 отсто за вкупно 682 избирачки места.
