дик
Затворени избирачките места, до 18.30 часот излезноста е 45,71 проценти
02.11.2025 19:24
Според обработените податоци достапни на веб-страната на ДИК, до 18.30 часот излезноста е 40,45 проценти...

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во вториот круг од осмите по ред локални избори. Се гласаше во вкупно 32 општини и во Градот Скопје. Од ДИК потврдија дека избирачкиот ден помина непречено и без поголеми нерегуларности. Според обработените податоци достапни на веб-страната на ДИК, до 18,30 часот излезноста е 40,45 проценти.
Според добиени податоци од 97,60 отсто или 1.340 избирачки места во кои се запишани се 712.549 гласачи, гласале 325.691 односно 45,71 отсто на ниво на цела држава, соопштија од ДИК.
