Министерството за култура ќе финансира проекти од национален интерес

01.09.2014 16:40

Објавен е конкурсот за финансирање проекти во културата од национален интерес. Ќе се подржат проектите со кои се афирмираат и промовираат значајни вредности од вековната македонска култура...

Министерството за култура оваа година конкурсите за поединечните дејности од културата ги објави на 1 септември, наместо во јуни, а ќе траат до половината на октомври.  Рокот од 45 дена ќе важи само за оваа година со цел заинтересираните соодветно да ја разгледаат и пополнат апликацијата.

„Тие се отворени за сите, за секој што се вели, којшто аплицира со проект од национален интерес во областа на културата и подетално се однесуваат на локалните установи, граѓански здруженија, невладини огранизации, се разбира и други правни и физички лица“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Нацрт програмите на националните институци кои беа доставени во јуни ќе бидат вреднувани со исти критериуми како и за останатите корисници.

Резултатите ќе се соопштат 15 дена од денот на донесување на Буџетот. Незадоволните апликанти  ќе можат да поднесат жалба до второстепената државната комисија.

Како дел од измените на Законот за култура се дава можност за склучување на менаџерски договори меѓу новоименуваните директорите и институциите. Се воведуваат награди и договорни казни за успешноста во работењето.

Сања Спиридонова