мвр

Тошковски: Вториот круг од изборите помина мирно и без сериозни инциденти

02.11.2025 22:14

МинистеротТошковски информира дека текот на изборниот ден на ниво на државата се пријавени вкупно 30 настани...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека како и првиот круг на 19 октомври, и вториот изборен круг поминал во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, а изборниот процес се одвивал без посериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани што би го довеле во прашање интегритетот на изборите

Министерот информира дека текот на изборниот ден на ниво на државата се пријавени вкупно 30 настани.

За четири од пријавените настани, како што рече, продолжуваат полициските активности, а се однесуваат за пријави на можен поткуп, неовластено фотографирање, агитирање и недолично однесување на членови на избирачки одбор.