Локални избори 2025

ДИК со првични неофицијални резултати за вториот круг од локалните избори

02.11.2025 22:54

Од ДИК потврдија дека избирачкиот ден помина непречено и без поголеми нерегуларности. Право на глас во вториот круг на изборите имаа 1.013.375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаа 474.304 избирачи...

Се гласаше во вкупно 32 општини и во Градот Скопје. Од ДИК потврдија дека избирачкиот ден помина непречено и без поголеми нерегуларности. Право на глас во вториот круг на изборите имаа 1.013.375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаа 474.304 избирачи.

Според првичните неофицијални резултати на ДИК, во вториот круг на локалните избори во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина, додека Коалицијата „Вреди“ во четири општини доби градоначалници. Три победи на локалните избори извојува опозициската СДСМ, a Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга.