ВМРО-ДПМНЕ го зголеми бројот на освоени општини, излезноста помала во однос на првиот круг
По вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го зголеми бројот на освоени општини. На контото додаде уште 21. Во битката за Скопје, победи Орце Ѓорѓиевски. СДСМ доби уште три општини. Коалицијата ВРЕДИ со убедлива предност пред Националната алијанса за интеграција…

Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати. Излезноста помала во однос на првиот круг, гласале 41,76 проценти од избирачите.
Голема победа на коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, објави Мицкоски. Ова е победа на вербата и надежта, но и порака-да не се „забегува“ во победата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓорѓиевски победи убедливо во Скопје во однос на противкандидатот Мециновиќ. Мицкоски посебно ги издвои победите во Кичево, Брвеница и во Карпош. Порака и до СДСМ-ова доказ дека партијата не се реформираше.
СДСМ на своето конто додаде уште три општини. Според лидерот на партијата Филипче, СДСМ останува втора партија по големина и прва во опозицискиот блок. Најави кадровски промени во раководството, но и партиски конгрес. Филипче ја прифатил оставката на потпретседателката Чупеска, но тој нема намера да си поднесе оставка.
Според лидерот на ДУИ, Ахмети, нивна е победата на локалните избори на национално ниво. Сепак, Ахмети призна дека биле поразени во трката за градоначалници и дека пораката од граѓаните е примена.
Вториот круг од локалните избори помина без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, генерална оценка на министерот за внатрешни работи. Тошковски овие избори ги оцени како најмирни во последните години. По преземените проверки за нарушување на изборниот процес, во 19 од 26 обработени случаи, наводите не се потврдиле.
