Меѓународните набљудувачи ќе презентираат наоди за вториот круг од Локалните избори 2025
Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР и Штефан Краузе, заменик шеф на Мисијата.

Меѓународните набљудувачи на изборите од ОБСЕ - Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2025.
Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР и Штефан Краузе, заменик шеф на Мисијата.
Меѓународните набљудувачи во прелиминарните наоди и заклучоци по првиот круг наведоа дека локалните избори одржани на 19 октомври биле конкурентни и на гласачите им овозможиле вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но биле засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација.
