Локални избори 2025

Мицкоски и Муцунски во дводневна работна посета на Брисел

03.11.2025 08:43

Во фокусот, македонските евроинтеграции и реформите. Европската унија останува посветена на европскиот пат. Владата ги постави црвените линии, членство да, но не билатерализација.

Премиерот Мицкоски и шефот на дипломатијата Муцунски во дводневна работна посета на Брисел. Покрај бројните билатерални средби, предвиден е состанок и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Разбирливо, во фокусот, македонските евроинтеграции и реформите. Европската унија останува посветена на европскиот пат. Владата ги постави црвените линии, членство да, но не билатерализација.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при последната посета на Софија рече дека земјава мора да ги исполни обврските договорени во 2022-ра година, но потенцира и дека ги разбира позициите на Скопје, и оти смета дека е разумно на Македонија да ѝ се дадат гаранции дека нема да има нови барања на патот кон Европската унија.