Блиски Исток

Предадени останките на уште тројца заложници од Газа

03.11.2025 08:54

Предадени останките на уште тројца заложници, откако претходно израелскиот премиер се закани дека ќе бидат уништени и последните упоришта на Хамас во Газа, во Рафах и во Кан Јунис...

Предадени останките на уште тројца заложници, откако претходно израелскиот премиер се закани дека ќе бидат уништени и последните упоришта на Хамас во Газа, во Рафах и во Кан Јунис. Нетанјаху негира дека ќе бара дозвола од САД, одговарајќи на критиките дека Вашингтон има клучна улога во донесувањето одлуки за случувањата во Газа.

„Ако има обид да се им се наштети на нашите сили, ќе ги нападнеме и оние што напаѓаат и нивната организација за да се заштитиме-ние сме решени во тоа. Ги известуваме нашите американски пријатели, но не бараме нивна дозвола. Разоружување на Хамас, демилитаризација на Појасот Газа, ова е принципот на кој се придржуваме и она што е договорено меѓу мене и претседателот Трамп и вака функционираме во јасна рамка“, Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.

Нетанјаху изјави дека Хезболах се обидува да се вооружи и очекува либанската влада да ги исполни ветувањата и да ја разоружа милитантната група. Во последниот израелски напад во Либан загинаа четири лица. Вкупниот број на жртви од стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан во ноември 2024 година се искачи на повеќе од 300 убиени и околу 600 ранети.