Делови од пет скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без струја ќе останат делови од пет скопски општини...

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без струја ќе останат делови од пет скопски општини.
Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08:30 до 12:30 часот, од дел од ул. „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Снабдувањето со струја ќе биде во прекин и од 09:00 до 12:00 часот, за корисниците од дел од ул. „1“ во с. Сопиште, во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, од дел од ул. „Димитар Мирсачев“ во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, за корисниците од објектите во околината на ул. „Леринска“ бр. 3. во општина Карпош.
