Зајакната воздушната одбрана на Украина со ракетни системи
Регистрирани жртви и повредени во нападите со балистички ракети и беспилотни летала. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека Берлин го исполнил договорот за зајакнување на воздушната одбрана на Украина со ракетни системи „Патриот“...

Војната во Украина продолжува со несмален интензитет. Регистрирани жртви и повредени во нападите со балистички ракети и беспилотни летала. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека Берлин го исполнил договорот за зајакнување на воздушната одбрана на Украина со ракетни системи „Патриот“.
„Украина сега има повеќе „патриоти“. Сакам да му се заблагодарам на канцеларот Мерц, на Германија и на сите што помагаат, нашите договори се исполнети. Секако, ни требаат повеќе системи низ целата територија на државата за да ги покриеме клучните инфраструктурни објекти и нашите градови, и ќе продолжиме да работиме за да ги добиеме“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
На дипломатски план и натаму ништо конкретно. Од Кремљ велат дека во овој момент нема потреба од средба Путин-Трамп. Изјавата доаѓа по објавите за организација на самитот меѓу двајцата лидери, кој треба да придонесе за напредок во мировните преговори.
