Тензична ноќ пред српското Собрание
Тензиите во Белград се зголемија еден ден, откако десетици илјади луѓе излегоа на митингот во Нови Сад на годишнината од падот на настрешницата на железничката станица во која загинаа 16 лица...

Тензична ноќ пред српското Собрание. Стотици полицајци формираа кордон и поставија метални огради за да ги одделат соперничките толпи противници и лојалисти на претседателот Вучиќ.
Тензиите во Белград се зголемија еден ден, откако десетици илјади луѓе излегоа на митингот во Нови Сад на годишнината од падот на настрешницата на железничката станица во која загинаа 16 лица. Голем број граѓани се собраа и за да и дадат поддршка на Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка-еден од 16-те загинати која почна штрајк со глад.
„Ако сакате да ме убиете, направете го тоа, но ја нема да се тргнам оттука. Ако мене нешто ми се случи, тогаш знаете што ќе биде следно.“, изјави Дијана Хрка – мајка на загинатиот Стефан Хрка.
Демонстрантите бараат од властите правда и одговорност за трагедијата што го потресе целиот регион.
