Собрание

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Русопулос, ќе се обрати пред пратениците

03.11.2025 09:10

Во Собранието прва пленарна седница по паузата поради локалните избори. Пред пратениците обраќање ќе има претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос...

Во Собранието прва пленарна седница по паузата поради локалните избори. Пред пратениците обраќање ќе има претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.

Претходно ќе има тет-а-тет средба со собранискиот спикер Гаши, а ќе разговара и со претседателката и членовите на собраниската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На почетокот на пленарката се очекува да бидат потврдени оставките на тројцата пратеници, Елизабета Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Продановски, кои во првиот круг од локалните избори беа избрани за градоначалници.