Најмалку 20 загинати во силниот земјотрес кој го потресе северниот дел на Авганистан
Се стравува дека бројот на жртви може да расте. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мазар и Шариф, на длабочина од 28 километри...

Над 20 лица загинаа, а над 300 се повредени по силниот земјотрес од 6,3 степени кој го потресе северниот дел на Авганистан. Се стравува дека бројот на жртви може да расте. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мазар и Шариф, на длабочина од 28 километри.
„Спасувачките екипи сè уште се на терен и бројките може да се променат. Медицинските екипи стигнаа до погодениот регион и под раководство на Министерството за јавно здравје, на сите блиски болници им е кажано да останат подготвени да примат повеќе пациенти“, изјави Д-р Шарафат Заман, портпарол на Министерството за јавно здравство.
