Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември
Кај корпоративниот сектор каматите на кредитите се намалени на 4,46 проценти, а кај домаќинствата на 5,24 проценти. Новоодобрените кредити во просек се со камата од 4,47 проценти, што е благо намалување во однос на претходниот месец.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември 2025 година изнесува 4,85 проценти и бележи намалување и на месечно и на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка. Истовремено, каматната стапка на вкупните депозити пораснала на 2,20 проценти.
Кај корпоративниот сектор каматите на кредитите се намалени на 4,46 проценти, а кај домаќинствата на 5,24 проценти. Новоодобрените кредити во просек се со камата од 4,47 проценти, што е благо намалување во однос на претходниот месец.
Кај депозитите, просечната каматна стапка изнесува 2,20 проценти, а растот е изразен особено кај штедните влогови на фирмите и домаќинствата. Новопримените депозити достигнале просечна камата од 2,23 проценти, што претставува зголемување од 0,17 процентни поени во однос на август.
Трендот укажува на постепено намалување на цената на кредитите и раст на приносите на штедењето, во услови на стабилизирани инфлациски очекувања и умерена монетарна политика.
