Сцена

Националниот џез оркестар и „Yellowjackets“ на заеднички концерт

03.11.2025 11:20

Угледното списание „Jazz Times“ ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез“.

Националниот џез оркестар ќе настапи заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот Yellojackets. Диригент на концертот ќе биде единствениот Bob Mintzer, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари.

Концертот ќе се одржи на 6 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет.

Угледното списание „Jazz Times“ ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез“.

Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, Yellowjackets се етаблираат како еден од најзначајните и најпочитуваните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени албуми, две престижни Греми награди и безброј распродадени концерти ширум светот, Yellowjackets оставија зад себе музичко наследство што постојано се обновува и инспирира нови генерации музичари и љубители на џезот.