Изборите отворија ново поглавје во албанскиот блок партии
Билал Касами од ВРЕДИ доби уште еден градоначалнички мандат во Тетово. Според коалицијата, освоиле убедлива победа над политичкиот противник, Националната алијанса за интеграција. Побарана оставка од лидерот на ДУИ. Според Ахмети, нивна е победата на локалните избори на национално ниво. Сепак, Ахмети призна дека биле поразени во трката за градоначалници и дека пораката од граѓаните е примена...

Довербата на граѓаните не е ослабена, туку зајакната. Време е за обнова и за самокритика. Ова по завршувањето на изборите го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од седиштето во Мала Речица. Рече дека неговата партија и коалицијата НАИ ја добиле довербата на народот со над 23.000 гласови предност. Тој нагласи дека ДУИ останува партија со стабилна поддршка и дека резултатите не се причина за разочарување, туку за преиспитување и нова енергија.
Ахмети смета дека партијата ќе се фокусира на зајакнување на своите структури и подобрување на управувањето со локалната политика, со цел поефикасно подобри услуги за заедниците низ целата земја.
Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети, се огласија од Вреди. Велат, во првиот круг, убедливо победиле во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово.
Овие победи не се случајност, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика.
Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува“, посочуваат од партијата и додаваат: „Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика“.
Борис Грујоски
