Локални избори 2025

СДСМ освои 6 општини, најслаб резултат на локални избори досега

03.11.2025 17:15

Социјалдемократскиот сојуз освои уште три градоначалнички места. Според претседателот на партијата Филипче, СДСМ останува втора партија по големина и прва во опозицискиот блок. Најави кадровски промени во раководството, но и партиски конгрес. Филипче ја прифатил оставката на потпретседателката Чупеска, но рече дека тој нема намера да си замине од лидерската позиција...

СДСМ освои 6 општини, најслаб резултат на локални избори досега. Лидерот на партијата Филипче најави кадровски промени по изборите, но не и негова оставка. И пред најавените промени во раководството, оставки веќе поднесоа претседателот на општинската организација и кандидат за градоначалник за Ѓорче Петров, Костадин Ацевски и потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска. Оставките се поднесени поради лошите резултати, но и несогласувањето со политиките на партијата.

Горан Герасимовски доби втор мандат во Центар најави дека ќе работиза доброто на граѓаните. 

Од СДСМ сметаат дека остануваат втора по гласачи и најголема опозициска партија.

Од СДСМ најавија дека во наредниот период ќе почне дебата во партијата за промени лидерски, делумно кадровски и на досегашните политики особено во надворешната политика.

 

Ирина Гелевска