Скопје

Контејнерите испразнети, сметот остана околу нив

03.11.2025 14:17

Скопје сè уште се бори со сметот. Контејнерите се празнат, но околу нив сè уште стои насобран отпад. Изборите завршија, граѓаните очекуваат новиот градоначалник да го реши проблемот.

Повеќето контејнери низ главниот град се веќе испразнети, но сепак може да се забележи на многу локации смет околу контејнерите.

Се стабилизира состојбата со сметот во Скопје. Камионите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ги празнат контејнерите. Се чисти градот, но сликата е далеку од онаа на која треба да заличи метрополата.

Кога метрополата се затрупа во ѓубре дел од локалните власти ги засукаа ракавите, се работеше со камиони и механизација за расчистување од други градови. Директорот на Комунална Рустеми заврши во притвор, скопски комуналец доби нов. Александар Јовановски шестиот избор на поранешната градоначалничка Арсовска во последните четири години, на функцијата седна 4 дена пред вториот круг локални избори за нов кормилар во градот.

 

Ана Јосифоска