Македонија главен коридор за илегални мигранти од Сирија и Ирак

01.09.2014 16:58

Македонија станува се почесто главниот коридор да стигнат до побогатите европски држави. Таков е и актуелниот случај. Во Велес на железничка станица во вагони товарени со јаглен се откриени 132 лица, илегалци од Сирија и Ирак...

Бегаат поради бедата, други од политички, а трети, пак, од безбедносни причини. Македонија станува се почесто главниот коридор да стигнат до побогатите европски држави. Таков е и актуелниот случај. Во Велес на железничка станица во вагони товарени со јаглен се откриени 132 лица, илегалци од Сирија и Ирак.

„Дел од нив поседуваат доволно предмети и докази со кои би можеле да се поткрепат тврдењата од каде влегле во Република Македонија, така што веќе е отпочната процедурата за нивно враќање во земјата од кадешто се влезени. Додека со дел од останатите лице се работи“, рече Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.

Дојавата в полиција стигнала од вработените во Македонски железници. Уште деветтмина биле окриени во патнички воз.

Секој мигрант за да премине од турска на грчка територија морал да даде 3200 евра, додека од македонска на српска територија требал да даде од 600 до 800 евра.

Од јануари годинава во прифатниот центар за илегални мигранти имало 364 , најмногу од Сирија 66 и Ирак 37.  За мигрантите државата секојдневно издвојува средства за лекарски прегледи, вакциинирање, лична хигиена, јадење и престој.

„Лицата во прифатниот центар најмногу може да останат една година. Некои од лицата се враќаат во матичната држава, на некои лица им се дава реадмисија“, вели Петар Саревски, управник на прифатниот центар за странци.

Најчесто согласно договорите за реадмисија илегалците им се враќаат на Грција и Србија. Дел од нив бараат азил во земјава  и додека трае постапката се префрлаат во прифатилиштето за азиланти.

Фиљана Кока