„Левица“ ќе бара измени во Изборниот законик, со цел да добијат претставник во ДИК
Опозициските тенденции во Македонија се престројуваат зад „Левица“, истакна лидерот на партијата Димитар Апасиев по вториот круг од локалните избори. Најави пекол во Собранието доколку не се измени Изборниот законик и не добијат свој претставник во ДИК...

Опозициските тенденции во Македонија се престројуваат зад „Левица“, истакна лидерот на партијата Димитар Апасиев, по вториот круг од локалните избори. Апасиев информира дека „Левица“ ќе бара измени во Изборниот законик, со цел да добијат свој претставник во Државната изборна комисија, а во спротивно, најави, како што рече, пекол во законодавниот дом.
Во изминативе два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме, 60 000 луѓе ја избраа нашата опција за Скопје, истакна кандидатот за градоначалник, Амар Мециновиќ. Тој се заблагодари и на гласачите од СДСМ, со порака – браната е пукната и ние сме вашата опција.
Од партијата најавуваат дополнителна мобилизација во следите две ипол години, до парламентарните избори во Македонија, на кои „Левица“ претендира како што велат од таму, да биде прва политичка сила во Скопје.
Марија Котовска
