МВР

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

03.11.2025 20:08

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција...

Синоќа околу 22:00 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција.

Претходно, полициските службеници забележале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „БМВ“ со албански национални ознаки, кое го управувал С.У., како се движат во близина на граничната линија со Република Грција. Исто така, забележано е и едно лице мигрант, кое илегално ја преминало државната граница и кое потоа влегло во возилото „БМВ“.

По преземени мерки возилата се сопрени и лицата се лишени од слобода, додека мигрантот е спроведен во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.