Скопје

Тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ – велосипедист загина, возачот избегал

03.11.2025 14:55

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 12:30 часот, кога патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице, удрило велосипедист.

Попладнево на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби велосипедист. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 12:30 часот, кога патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице, удрило велосипедист.

По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот. Засега, полицијата презема мерки за негово пронаоѓање, а на местото се врши увид. Поради несреќата, сообраќајот на булеварот е пренасочен.