Временска прогноза

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

04.11.2025 08:04

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.