Новото Европско раководство со стари проблеми!

01.09.2014 17:12

Што се однесува до процесот на проширување, по изјавата на идниот председател на Европската комисија Жан Клод Јункер повеќе од јасно е дека ќе нема прием на нови членки во Унијата следните 5 години...

Новото Европско раководство предводено од Доналд Туск, Жан Клод Јункер и Федерика Могерини ќе ги наследи проблемите со кои Европа се соочува веќе подолг период, а тоа е финансиската и еконмската криза.

Политичките аналитичари во Брисел го додаваат и прашањето за енергетиката како проблем со коj Европа допрва ќе треба да се соочи, но и покрај тоа најголем предизвик за новото раководство е украинско- руската криза смета Корина Стратулат од Европскиот политички центар.

„Целта е да се покаже солидарност, да се надминат разликите и да се демонстрира заеднички фронт кон ова прашање. Дали ова ќе се случи и колку ќе биде цврста оваа линија останува да видиме. И секако не е се до државите членки, туку и како ќе се развиваат односите меѓу Украина и Русија и секако самитот на НАТО кој ќе се одржи за неклку дена. Кои одлуки и кои акции ќе се преземат“, вели Корина Стратулат аналитичар во ЕПЦ.

Што се однесува до процесот на проширување, по изјавата на идниот председател на Европската комисија Жан Клод Јункер повеќе од јасно е дека ќе нема прием на нови членки во Унијата следните 5 години. Аналитичарот на политичките случувања на Балконот ја потенцираше важноста на минатонеделната конференција во Берлин, организирана од страна на германската канцеларка Меркел.

„Ова е сигналот кој беше даден, дека процесот на пристапување останува отворено за Балканските држави, дека е јасна подржката за европската перпектива за балканските држави. Таа не исчезнала“, додава Стратулат.

Стратулат смета дека со потврдената подршка на некои држави и европски институции за процесот на проширување ќе ги мотивираат балканските држави да продолжат со реформите за пристап во Евроската унија. Таа е нивна перспектива- децидна беше во својата анализа Корина Стратулат.

Инаку новиот состав на Европската комисија ќе стартува на први ноември, додека пак Европскиот совет под раководство на полскиот премиер Доналд Туск ќе започне со работа од први декември.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник на МРТ од Брисел