Македонија

Мицкоски на Самит за проширување на ЕУ во Брисел

04.11.2025 08:21

Премиерот Мицкоски и шефот на дипломатијата Муцунски од вчера се во дводневна работна посета на Брисел...

Премиерот Мицкоски и шефот на дипломатијата Муцунски од вчера се во дводневна работна посета на Брисел. Покрај многубројните билатерални средби, предвиден е состанок и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Kошта.

Во фокусот, македонските евроинтеграции. Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со реформската агенда, за што е доказ и исплатата на две транши на средства во рамките на планот за раст на Западен Балкан, се наведува во извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат, што Европската комисија официјално ќе го објави денеска.