УКРАИНА

Киев преговара со Брисел за поголема поддршка

04.11.2025 08:50

Украинскиот претседател изјави дека добил добар сигнал од Европската унија за обидот на Киев да се приклучи на блокот и за понатамошна поддршка за енергетскиот сектор на земјата...

Војната во Украина продолжува. На прагот од зимата, Зеленски во трка за заштита на енергетските ресурси. Украинскиот претседател изјави дека добил добар сигнал од Европската унија за обидот на Киев да се приклучи на блокот и за понатамошна поддршка за енергетскиот сектор на земјата.

„Разговарав со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Многу сме благодарни за поддршката и она што го слушнавме е многу важно за нас. Секако, врвен приоритет е енергијата. Работиме на покривање на потребната количина за увоз на гас, меѓу другите прашања што се многу важни за нас“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украинскиот претседател рече дека речиси една третина од борбите на фронтовската линија моментално се одвиваат во регионот Покров, во југоисточна Украина. Зеленски уверува дека Русија немала успех и покрај тоа што изминатата недела, Путин тврдеше дека силите на Москва ги блокирале и Покровск и Купјанск.