Македонија

Европската комисија ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ

04.11.2025 08:52

Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следи дебата која се очекува да биде фокусирана на постигнувањата на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство на нивните патишта за пристапување кон ЕУ...

Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025-та година.

Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следи дебата која се очекува да биде фокусирана на постигнувањата на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство на нивните патишта за пристапување кон ЕУ.

Во пакетот-извештаи Еврокомисијата ја потврдува својата посветеност на пристапниот процес и на перспективата за „обединување на Европа“, но посочува и на одредени пропусти и недостатоци во секоја од државите кандидати за членство.

Во извештајот за Македонија се оценува дека земјава постигнала значителен напредок во спроведувањето на реформите и дека македонските власти продолжиле да работат на имплементација на патоказите за владеење на правото, на реформата на јавната администрација и на функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата.