Хамас е подготвен да го предаде управувањето
Објавата следува по состанокот во Истанбул на министрите за надворешни работи на Турција, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Катар, Пакистан, Саудиска Арабија и Јордан за ситуацијата во Газа...

Хамас е подготвен да се предаде на комитет составен од Палестинци, изјави турскиот министер за надворешни работи. Објавата следува по состанокот во Истанбул на министрите за надворешни работи на Турција, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Катар, Пакистан, Саудиска Арабија и Јордан за ситуацијата во Газа.
„Хамас е подготвен да го предаде управувањето со Газа на комитет составен од Палестинци. Предложените аранжмани ќе станат трајни со текот на времето и преку обврски, под услов да ги заштитат правата на палестинскиот народ. Разговаравме и за преговорите за мандатот и воспоставувањето на Меѓународните сили за стабилизација, кои се очекува да бидат формирани во наредните денови“, изјави Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Турција.
Турција повторно го обвини Израел дека не го почитува прекинот на огнот во Газа и дека го попречува доставувањето хуманитарна помош.
