ВЕНЕЦУЕЛА

Мадуро објави дека со Русија одржуваат континуирана воена соработка

04.11.2025 09:37

Трамп го обвинува Каракас дека е одговорен за голем дел од криумчарењето на кокаин во Америка...

Венецуелскиот претседател Мадуро вели дека со Русија одржуваат континуирана воена соработка и покрај растечките тензии меѓу Каракас и Вашингтон околу распоредувањето на американски воени бродови во водите на крајбрежјето на јужноамериканската земја.

„Ние сме во постојана секојдневна комуникација со руската влада за сите прашања, бидејќи имаме многу проблеми во развојот. Огромен број кадети и офицери се обучени во Русија, а огромен број руски офицери отсекогаш доаѓале во Венецуела и ова ќе продолжи. Сега, бидејќи заканите против Венецуела се зголемија, можеби овие работи биле кажани во други времиња и не биле вест, но сега се вести. Венецуела продолжува по својот пат, а она што го сакаме е мир“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Пред точно два месеци, американскиот претседател нареди распоредување на бројни воени бродови, борбени авиони, беспилотни летала и околу 15.000 војници во венецуелската област. Трамп го обвинува Каракас дека е одговорен за голем дел од криумчарењето на кокаин во Америка.