МВР

Пронајдена дрога во возило во тетовско, лишени од слобода две лица

04.11.2025 10:29

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за с. Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода Б.А.(37) и О.Ј.(26), двајцата од с. Требош, тетовско, соопштија од МВР...

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за с. Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода Б.А.(37) и О.Ј.(26), двајцата од с. Требош, тетовско, соопштија од МВР.

При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува Б.А., пронајдени и одземени се шест ќеси со марихуана.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.