Култура
Изложбата „Експериментален цртеж“ се претставува во Чешка
04.11.2025 18:37
На изложбата ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници, кои учествуваа на истоимената изложбата во 2023 и 2025 година.

Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија ќе биде отворена во утре во 17 часот, во градот Табор, Република Чешка.
На изложбата ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници, кои учествуваа на истоимената изложбата во 2023 и 2025 година.
Изложбата е дел од програмските активности на ДЛУМ, поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија.
