Политика

Гаши на средба со екс-претседатели на Собранието

04.11.2025 11:45

Предложено основање неформален совет за размена на идеи и искуства без политички влијанија…

Собранискиот спикер, Африм Гаши денеска се сретнал со поранешните претседатели на законодавниот дом – Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски.

Станува збор за прва средба од ваков вид со институционален карактер, за споделување искуства и идеи за поголема ефикасност на Собранието. Идејата е да се формира неформален совет, каде што ќе се разговара реформите и процесите што имаат за цел да го направат Собранието понезависно, потранспарентно и поефикасно во вршењето на своите функции.

„Искуството на поранешните претседатели претставува предност за институцијата и затоа беше предложено основање неформален совет, каде што ќе можат да се разменуваат идеи и искуства без политички влијанија, во корист на Собранието и парламентарната демократија“, вели спикерот Гаши.