„Стејџ 2025“

Млади танчери од 12 држави викендов ќе настапат на сцената на НОБ

06.11.2025 20:36

Над 1.600 деца и млади танчари од 12 држави во сабота ќе настапат на сцената на Националната опера и балет на седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ 2025“...

Над 1.600 деца и млади танчари од 12 држави во сабота ќе настапат на сцената на Националната опера и балет на седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ 2025“. Тие, од 9 до 22 часот, ќе танцуваат класичен и современ балет, џез, модерен, акробатски и шоу танц.

„Преку танцот, децата од целиот свет учат да ја разберат и почитуваат културата, да создаваат пријателства и да ја негуваат љубовта кон сцената. Со секое издание, СТЕЈЏ станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија како земја на култура, талент и инспирација“, вели Тамара Ѓурчиновска, организатор и уметнички директор на натпреварот.

Хајлајт на вечерта ќе биде Гала настапот на најдобрите десет изведби (TOP 10), избрани од меѓународното стручно жири, талентираните танчари ќе ги добијат највисоките признанија и престижни награди.