Сабаленка и Кирјос ќе имаат „Битка на половите“ во декември
04.11.2025 11:40
„Се случува. Сабаленка против Кирјос. Битка на половите“, напиша белоруската тенисерка на социјалните мрежи.
Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка (Белорусија), објави дека ќе игра егзибициски натпревар против Ник Кирјос (Австралија).
„Се случува. Сабаленка против Кирјос. Битка на половите“, напиша белоруската тенисерка на социјалните мрежи.
Мечот ќе се одржи во Дубаи на 28 декември 2025 година.
Триесетгодишниот Кирјос моментално е рангиран на 652. место на АТП ранг-листата. Во својот последен натпревар во поединечна конкуренција, тој загуби од Русинот Карен Качанов на Мајами Опен на 21 март.
