Барселона го нуди Олмо плус пари за трансфер на Халанд
04.11.2025 11:45
Олмо веќе подолго време е на радарот на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, што дополнително ја зголемува можноста за ваков трансфер.

Барселона планира следното лето да го ангажира напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Според шпанскиот „Ел Национал“, Каталонците се подготвени да понудат парична отштета и играчот од средниот ред Дани Олмо во замена за норвешкиот голгетер.
Олмо веќе подолго време е на радарот на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, што дополнително ја зголемува можноста за ваков трансфер.
Халанд сезонава има одиграно 13 натпревари, на кои постигна 17 голови и запиша една асистенција. Неговиот договор со англискиот клуб трае до 2034 година, а според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност изнесува 180 милиони евра.
