Е-трговијата расте, но каскаме зад соседите
Напредок има, но не е доволен. Земјава сѐ уште каска зад соседите во електронската трговија. Некои немаат навика, други се плашат дека нема да го добијат она што ќе го нарачаат...

Наместо да шетаат по продавници и да бараат она што им е потребно, граѓаните сè почесто се одлучуваат да купуваат преку интернет. Сепак, споредено со земјите од регионот, сè уште заостануваме со онлајн пазарувањето. Некои немаат навика, други се плашат дека нема да го добијат она што ќе го нарачаат.
Анализите за е-трговијата во земјава говорат дека има раст во повеќе сегменти, но сепак е потребно да се забрза тој раст за да се доближиме до европските земји.
Од Владата велат дека се посветени за унапредување на електронската трговија. Според анализите, мал е процентот и на компании што користат вештачка интелигенција.
Само 19 проценти од македонските компании продаваат производи на интернет, а тоа е многу мал процент за разлика од земјите во Европската унија.
Ана Јосифоска
