Милион ипол корисници на интернет, 125 сурфаат со 100 мегабити
До 2018- тата, 80 насто од населенито ќе ја има оваа привилигија. Со брз развој на интернет технологијата Македонија лобира да биде меѓу земјите што ја креираат интернет политиката на светско ниво...

Милион ипол граѓани користат нтернет, петтина од овој број со пристап до широкопојасните мрежи, 125- мина пребаруваат, гледаат телевизија, слушаат радио, симнуваат документи, телефонираат со видео комуникација. Користат супер големи брзини од 100 мегабити во секунда. Останатите во очекување - летечкиот интернет да стане достапен за поширокиот аудиториум.
Власта вети до 2018- тата, 80 насто од населенито ќе ја има оваа привилигија. Со брз развој на интернет технологијата Македонија лобира да биде меѓу земјите што ја креираат интернет политиката на светско ниво.
„Се надеваме да добиеме повеќе гласови со коишто ќе се обезбеди место на Република Македонија во регионот Источна Европа и Северна Азија, каде што има само пет места. Имајќи го во предвид се она што сме го направиле за порастот на интернетот и самиот сектор на информатички технологии во изминативе осум години и ние да бидеме дел од земјите коишто одлучуваат за нови препораки, нови стандарди, нови процедури“, вели Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
Најголем број од интернет корисниците според АЕК пребаруваат и симнуваат содржини преку мобилен телефон. Речиси 832 илјади на два и три џи мобилната мрежа.
„Забележителен пораст има кај корисниците коишто користат фиксен приклучок за пристап до интернет и тоа кај брзините помеѓу 8 и 20 мегабити за повеќе од 40 проценти. Сега има околу 177 илјади корисници“, рече Маран Пејовски, раководиел на сектор за анализа на пазар во АЕК.
Интернет преку јавната кабелска ТВ мрежа употребуваат 90 илјади 180 претплатници. Оптичка мрежа користата 3,88 насто од вкупниот број. Според светската глобална статистика, Индонезија има најмногу, дури 77 милиони интернет корисници и бележи најбрз развој во ИТ комуникациите. Со брз подморски оптички кабел долг 15 илјади километри ке се поврзе со Калифорнија и најдоцна до 2016 тата ќе вброи над 165 милиони грагани – сурфери на интернет.
Сузана Фиданска Сторевска
