Здравство

Без разврска сомнителните кардиолошки интервенции

04.11.2025 13:21

И по повеќе од два месеца нема разрешница за оние кои поднесоа претставки...

Сомнителните случаи за кардиолошки и кардиохируршки интервенции остануваат сомнителни. И по повеќе од два месеца нема разрешница за оние кои поднесоа претставки. Министерот за здравство Алиу вели дека чека официјално да завршат локалните избори за да ги ангажира странските експерти кои ќе се вклучат во анализата. На Кардиологија воведена нова процедура – пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство. Воведувањето на оваа интервенција ќе значи големо олеснување за пациентите, но и за здравствениот систем, бидејќи ќе ја намали потребата од скапи упатувања во странство и го подобрува пристапот до врвна здравствена грижа во земјава.

Андријана Ѓурческа известува.