Македонија

УХМР: Следните денови утринска магла и локлани врнежи од дожд

04.11.2025 15:18

Како што информираат од УХМР под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па сѐ до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

Утре и во четврток во утринските часови има услови за појава на магла, а од четврток до понеделник повремени локални врнежи од дожд.

Како што информираат од УХМР под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па сѐ до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.