Сметот низ главниот град почна да се расчистува, уверуваат од „Комунална хигиена“
Локалните избори поминаа, сметот остана, можеби не како претходно, но го има. Од раководството на „Комунална хигиена“ информираат дека имаат и гориво и возило и работници за работата да се одвива непречено. Од Синдикатот пак, велат дека не е сè баш така.

„Комунална хигиена“ има доволно гориво за камионите за чистење на сметот. Завршени се сите административни процедури, уверува директорот Јовановски.
Сепак, откако направивме обиколка во централното градско подрачје, можевме да забележиме дека контејнерите сè уште претекуваат по тротоарите и улиците и им го попречуваа движењето на пешаците и возилата.
И Синдикатот предупредува дека ЈП функционира со само четвртина од потребниот број возила – имаат 15-ина, а потребни се 60-ина.
Епидемиолозите предупредуваат на закана по јавното здравје, доколку сметот не се чисти редовно.
1.300 работници го расчистуваат ѓубрето на територијата на Град Скопје.
Александра Велинова
