Потребен е нов Изборен законик, вели Гаши
Препораките на ОБСЕ, начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независни кандидати, цензусите, но и теми како изборниот модел или организирање во една изборна единица – сите прашања во врска со изборите се очекува да бидат опфатени...

Потребен е нов Изборен законик кој би го предложила Владата, но ако не се случи тоа, измените ќе ги направат пратениците – вели претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Препораките на ОБСЕ, начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независни кандидати, цензусите, но и теми како изборниот модел или организирање во една изборна единица – сите прашања во врска со изборите се очекува да бидат опфатени, вели Гаши и нагласува дека координаторите биле едногласни дека измените во Изборниот законик треба да се донесат консензуално.
Кога ќе бидат распишани изборите во четирите општини каде што немаше цензус во првиот круг, собранискиот спикер вели тоа ќе го направи во договор со членовите на ДИК.
Сега се отвора можност за поинтензивни разговори околу членството во Европската унија, тие имаат позитивно мислење за нас и може да се изнајде решение – вели Гаши.
Тој посочи дека буџетот за следната година веќе е во Собранието, а пленарната расправа би се одржала на 9-ти декември и би траела два до три дена.
Миле А. Ристески
