Повредениот Адеми не патува за Шпанија

01.09.2014 19:04

Нашиот фудбалски интернационалец од Динамо Загреб, Аријан Адеми, сепак нема да дебитира за најдобрата репрезентација на Македонија на евроквалификацискиот натпревар со Шпанија во Валенсија на 8 септември. Поради повредата којашто ја заработи во четвртокот на мечот со Петролул од плеј-офот за Лига Европа, тој ја откажа поканата од селекторот Бошко Ѓуровски, којшто на негово место веднаш го повика Дарко Велкоски од Работнички.

Нашиот фудбалски интернационалец од Динамо Загреб, Аријан Адеми, сепак нема да дебитира за најдобрата репрезентација на Македонија на евроквалификацискиот натпревар со Шпанија во Валенсија на 8 септември. Поради повредата којашто ја заработи во четвртокот на мечот со Петролул од плеј-офот за Лига Европа, тој ја откажа поканата од селекторот Бошко Ѓуровски, којшто на негово место веднаш го повика Дарко Велкоски од Работнички. Заедно со фудбалерите од домашното првенство, селекторот уште вечерва заминува за Валенсија, каде што утре ќе се соберат сите 23-ца од неговиот список за почетокот на квалификациите за ЕП 2016.

Почнувајќи од натпреварот со Шпанија наредниот понеделник, македонските репрезентативци во наредните две години ќе играат со нова спортска опрема од германскиот производител „Јако“. Нејзината промоција беше денеска. Фудбалската Федерација на Македонија објави соработка со новиот партнер, којшто ќе изработува спортска опрема за сите наши репрезентативни селекции.