ВМРО-ДПМНЕ апсолутен победник на локалните избори
Ваквите резултати се потврда дека граѓаните ја препознале искрената намера на партијата да ја обнови државата, децидни се во владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори, освојувајќи 54 општини и Градот Скопје. Ваквите резултати се потврда дека граѓаните ја препознале искрената намера на партијата да ја обнови државата, децидни се во владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија доживеа тежок пораз, освојувајќи само шест општини, околу 126 илјади гласови и 230 советници. СДСМ е трета партија во државата, зад нашиот владин коалициски партнер ВРЕДИ. СДСМ на ова ниво никогаш не биле – рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски.
Од коалицијата ВРЕДИ велат дека локалните избори запечатија нова политичка реалност во Македонија. Коалицијата излегува од овој процес како втора политичка сила на државно ниво, со 10 освоени општини, и како апсолутен победник во албанскиот табор.
Од ВРЕДИ посочија дека тоа е епохална промена во политичкото претставување на Албанците. По 23 години доминација на политика која беше отсечена од граѓанинот, Албанците избраа нов модел, политика на одговорност, децидни се во ВРЕДИ.
Игор Панов
