Ин Мемориам
Почина 48.потпретседател на САД, Дик Чејни
04.11.2025 19:50
Тој беше една од највлијателните фигури во администрацијата на Џорџ В. Буш и имаше клучна улога во војните во Авганистан и Ирак по нападите на 11 септември...

На 84-годишна возраст почина поранешниот 48-ми потпретседател на САД, Дик Чејни. Тој беше една од највлијателните фигури во администрацијата на Џорџ В. Буш и имаше клучна улога во војните во Авганистан и Ирак по нападите на 11 септември.
Познат е по тврдите ставови, а во последните години стана остар критичар на Доналд Трамп и во 2024 година изјави дека ќе гласа за Камала Харис.
